Нејт Дијаз приредил вистинско „шоу“ во Њу Орлеанс, како во салата, така и надвор од неа. Иако 38-годишниот борец пристигнал во салата само да ја види борбата на Крис Авила, тој се погрижил целото внимание да биде насочено кон него.
Хаосот започнал да се режира веќе во салата, каде што се одржувал Misfits Boxing Event, а Дијаз се судрил со американскиот фудбалер и ријалити ѕвезда Чејс ДеМур, кон кого фрлил шише со вода, а потоа започнала вистинската драма.
Но, Дијаз, познат по своите слаби нерви, го продолжил своето дивјаштво на улицата, каде што учествувал во нов конфликт. Така на видеото што кружи на социјалните мрежи може да се види како Дијаз го испраќаат да на „спиење“.
Својата следна борба Дијаз ја закажа во август, кога ќе си ги одмери силите во бокс меч против Џејк Пол.