Една позната корисничка на социјалната мрежа Тик Ток се бори со грди коментари на оваа популарна платформа поради нејзините големи град. Таа тврди дека постојано добива несакани комплименти, груби коментари и шеги на сметка на бујните гради.
Алиса, за која се верува дека е од САД, отворила профил на Тик Ток со име @alissa_lil_d и решила да ја искористи оваа платформа за да ги сподели непријатните коментари на кои наидува.
Едно од нејзините видеа започнува со тоа што Алиса позира натпис: „Во ова се претвори мојот живот. Јас имам природно големи гради“.
Таа потоа наведува само некои од коментарите што ги добива од мажите и жените. Почнала со жените кои често ѝ велат: „А, кутра, сигурно те боли грбот“. Таа, исто така, истакнува дека жените кои не се толку „надарени“ често и коментираат: „Дај ми малку“. Додала и дека често мора да се справува со непријатни коментари од мажи, како што се: „Добри цицки, ејј“.
Сепак, дури ни ова нејзино јавно прозивањето навистина не вродува со плод, па на нејзиното видео започнале да се слеваат коментари од типот: „Сакаш ли да ти го измасирам грбот ?“, „Јас сум еден од тие мажи“, „Што друго очекуваше ?“, „Градите ви се совршени, бидете горди на нив“.