Туристите кои сакале да уживаат на плажата на заливот Ла Хоја, во Сан Диего, наишле на прилично агресивни морски лавови кои ги избркале.
Голем број посетители ја посетија познатата плажа за време на викендот, а многумина ги фотографираа морските лавови и нивните младенчиња.
Меѓутоа, во еден момент еден од цицачите скокнал од водата и почнал да се нафрла кон луѓето кои потоа почнале да врескаат и да бегаат. Набрзо му се придружил уште еден морски лав.
Ако се чувствуваат загрозени, стануваат многу агресивни.
Штетно и незаконски е да се хранат бидејќи им ги нарушува природните инстинкти што ги прави помалку да се плашат од луѓето и пловилата.