ВИДЕО | НАДРЕАЛНА СНИМКА ОД АЕРОДРОМ – Полуден пилот со секира во рацете крши се пред себе, погледнете!

Пилот на авио-компанијата United Airlines е обвинет за бизарен напад со секира на почетокот на овој месец, во кој употребил секира за да удри во рампата на паркингот за вработените на меѓународниот аеродром во Денвер, предизвикувајќи штета од околу 700 долари. Полицијата вели дека тоа е пилотот Кенет Хендерсон Џонс.

На видеото од инцидентот на 2. август, објавено од CBS, се гледа 63-годишниот пилот вооружен со секира. На видеото можете да видите како 23 пати удрил во рампата додека конечно не ја срушил. После тоа неколку минути се расправал со вработен од аеродромот кој видел што се случило и се обидел да му ја одземе секирата. За среќа, никој не е повреден.

Пилотот сега е обвинет за прекршок и треба да се појави на суд на 25. септември.

United Airlines објави дека пилотот е отстранет од распоредот и е на одмор во очекување на внатрешна истрага.

Според полицискиот извештај, пилотот рекол дека се обидувал да излезе, но шест други автомобили биле наредени на секоја од трите излезни рампи. Пилотот, вели тој, се обидувал да го реши проблемот за сите што чекаат.

САД