Млада мечка денес во раните утрински часови е видена во Сараево како се движи во правец на градот, пишуваат босанските медиуми.
Информацијата ја потврдиле од Дежурниот оперативен центар на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево. Според тамошните медиуми, екипите се на терен и го следат нејзиниот пат.
Иако граѓаните се загрижени, надлежните велат дека нема потреба од паника бидејќи мечката е под контрола.
Ловците посочуваат дека луѓето со неодговорно однесување им се заканувале на живеалиштата на мечките, возејќи мотори и оф-роад џипови низ шумите, што им го нарушило природното живеалиште.