Во средината на јануари во 2009 година, светските медиуми ја слушнаа веста дека американски пилот успеал да приземји поголем патнички авион „Ербас А320“ на водата на реката Хадсон кога моторите ненадејно откажале.
Пилотот Чесли Саленбергер стана светски херој откако спаси 150 патници на летот 1549 и пет други членови на екипажот од сигурна смрт, кога моторите на авионот престанале да работат откако во нив влетало јато канадски гуски, а по оваа случка беше снимен филм од режисерот Клинт Иствуд под името „Сали“ (по прекарот на пилотот).
Авионот тежок 70 тони пилотот го „фрлил“ под совршен агол и со неверојатна прецизност во реката среде еден од најгусто населените градови во светот, поради што приказната е наречена – „чудото на реката Хадсон“. На 15. јануари, две минути по полетувањето (во 15:27 часот по локално време) североисточно од мостот „Џорџ Вашингтон“ во Њујорк на надморска височина од 859 метри, авион на US Airways се судри со јато канадски гуски. Двата мотори откажаа, и тој беше принуден да изврши итно слетување.
Капетанот Чесли „Сали“ Саленбергер и копилотот Џефри Скилс биле известени дека не можат да се вратат на аеродромот од кој полетале и дека сите други аеродроми во областа се недостапни. Наместо тоа, тие го слетале авионот во реката Хадсон среде бетонската џунгла на Менхетен.
Тоа го направиле толку маестрално што немало ниту една жртва. Сите 150 патници и тројца членови на екипажот ја преживеале авионската несреќа, иако имало неколку сериозни повреди. За среќа, авионот бил управуван од поранешен воен пилот на борбен авион и врвен експерт за воздухопловна безбедност, кој поминал 19.663 часа во воздух, од кои нешто повеќе од 4.700 часа биле во „Ербас А320“.
Американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот го прогласи за најдобро итно слетување во историјата на авијацијата.
Затоа, не е изненадувачки што во 2016 година е снимен холивудски филм во режија на Клинт Иствуд и со Том Хенкс во главната улога, врз основа на автобиографската книга „Highest Duty: My Search for What Really Matters“. Погледнете ја симулацијата на полетувањето и слетувањето на „Ербас А320“ на летот 1549 во видеото на социјалните мрежи.