Познатата пејачка и актерка која е најследената жена на социјалната мрежа Инстаграм често се наоѓа на мета на негативни коментари поради нејзиниот изглед, на кој секако ништо не и недостига.
Она за што таа е најмногу критукувана е вишокот килограми, а таа неодамна објави серија фотографии и видеа од нејзе во минијатурно бикини.
Селена Гомез ги остави без зборови своите многубројни обожаватели со новите фотографии. Пејачката која не позира многу често на овој начин, објави фотографии во костим за капење истакнувајќи ги нејзините облини, а ги покажала и своите пријателки кои исто така се горди на својата природност.
Погледнете ги објавите ОВДЕ.
Селена Гомез, која неодамна го прослави својот 31 роденден, а чие богатство се проценува на 800 милиони долари, се одмара на својата јахта, со своето омилено друштво.
Оние кои ја критикуваат тешко ќе ги поднесат овие објави, а таа направи вистинска мешаница меѓу своите обожаватели кои само на Инстаграм се 426 милиони.