Škoda Karoq некако се преврте од работ на пристаништето и заврши во морето без ниту еден патник
Летото е на прагот, во медитеранските земји веќе пристигнаа вистински летни температури, па грчкото лето започна. Локалните жители и туристите веќе се собираат на плажите во потрага по одмор од жештините. Но, неодамна, додека многумина уживаа во сончевиот ден, група капачи неочекувано се нашле вклучени во мисија за извлекување на пловечката Škoda Karoq која некако заврши во морето.
Инцидентот се случи во петокот на островот Егина, кој се наоѓа во близина на грчката престолнина Атина. Според пристанишните власти, белата Škoda Karoq првично била паркирана во пристаништето кога неочекувано се превртела од работ на пристаништето. За среќа во моментот на инцидентот немало никој.
Според Еникос, откако мештаните дознале дека возилото плови во морето, веднаш го пронашле чамецот и го одвлекле во побезбедни води пред целосно да потоне. Меѓутоа, поради малата длабочина на морето, чамецот не можеше да го донесе компактниот теренец докрај до брегот. Токму на ова место се собраа капачите и доброволно формираа „човечки синџир“ и внимателно ја извлекоа Škoda од водата.
Целиот инцидент беше снимен со камера и, како што се очекуваше, стана вирален на TikTok откако беше објавен од корисникот @maraislabonita. На видеото се гледа како неколку луѓе во костими за капење ја туркаат Škoda кон плажата, додека поголема група ја влече со јаже. Со заеднички напори на капачите теренецот успешно беше извлечен на суво.
Видеото на хумористичен начин сугерира дека возачот заборавил да ја користи „рачната сопирачка“ , но тоа звучи неверојатно бидејќи Škoda Karoq стандардно доаѓа со автоматска електронска рачна сопирачка. Претпоставуваме дека теренецот најверојатно е опремен со автоматски менувач – а возачот некако заборавил да го стави во позиција „Парк“.
Во секој случај, вакви сцени не се гледаат често…