ВИДЕО | НА ГАФОВИТЕ ИМ НЕМА КРАЈ! Шокантен потег на Џо Бајден за време на емисија во живо – социјалните мрежи ‘горат’: “Што ли прави сега тој !?“ – погледете

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, ја напушти програмата во живо пред водителката да го одјави шоуто и да најави реклами.

Камерите сè уште биле вклучени кога Џо Бајден одеднаш станал, ја подал раката кон водителката Никол Валас, која му се заблагодари што и дал интервју, а потоа незгодно си заминал од етерот.

„Останете со нас!“, им рекла Никол Валас на гледачите на MSNBC додека Џо Бајден станал и си заминал од емисијата.

Невообичаено е гостите да го напуштат гостувањето пред домаќинот да објави пауза за реклами или официјално да ја одјави емисијата.

Видеото од заминувањето на Џо Бајден, очигледно несвесно, брзо стана вирално и се прошири на социјалните мрежи.

Што во името на Бог прави Џо Бајден ? Тоа е во живо“, напиша на социјалната мрежа Твитер поранешниот член на Републиканскиот национален комитет, Стив Гест.

Претседателството на Џо Бајден во еден клип“, додаде поранешниот републикански гувернер на Висконсин, Скот Вокер.

Многу корисници на социјалните мрежи коментираат дека најстариот претседател во историјата на САД брза да стигне некаде.

О Боже! Џо Бајден е навистина изгубен“, напиша на социјалната мрежа Твитер медиумскиот и политички консултант Џим Фаф.

Инаку, Џо Бајден во 20-минутното интервју најмногу зборуваше за неодамнешните одлуки на Врховниот суд на САД.

Претседателот Џо Бајден (80 г.), да потсетиме, ги шокираше новинарите пред неколку дена кога ја напушти Белата куќа со видливи траги на лицето откако започнал да користи CPAP-апарат за лекување на апнеја при спиење.

САДЏо Бајден