Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, не навикна на урнебесни гафови откако влезе во Белата куќа. Од збунети говори до паѓање по скалите на авионот, Џо Бајден го потврдува вицовиот прекар „Заспаниот Џо“, кој му го даде дел од американската јавност, а често го употребува и Доналд Трамп.
Неговиот последен испад стана вирален на социјалните мрежи и хит на Интернет.
Имено, кога зборуваше за инвестирање во инфраструктурата на САД, претседателот на најмоќната земја во светот малку се збуни со цифрите односно милионите и милијардите долари, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.