На СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ се шири видео од свадба на кoja келнерите ја испуштија свадбената торта на под. На почетокот младенците изгледале шокирано од тоа што се случува, а младоженецот потоа земал виљушка и почнал да ја јаде тортата од подот, поканувајќи ги другите да му се придружат.
„Таа се омажи за вистинскиот маж“, гласи описот на видеото кое на TikTok го погледнале повеќе од 18,3 милиони луѓе. „Не се ни налути“, „Не дозволуваше ништо да му го уништи денот“, „Невестата повторно се заљуби“, „Со ваков маж би родила деца“, се само дел од коментари на луѓето.