Девојката која се вика Vi Duquete на TikTok редовно објавува видеа на социјалната мрежа, но ниту едно вакво не паднало во очи со нејзиното јадење шпагети.
Колку и да звучи банално, кога ќе го погледнете видеото ќе ви стане јасно зошто има милионски прегледи.
Имено, пред извесно време доживеала болна модификација на јазикот и буквално го преполовила. Затоа, корисниците на TikTok со неверување гледаа како јаде шпагети.
Предупредуваме дека видеото може да биде вознемирувачко за некои читатели.
„Во најмала рака не бев подготвен за ова“, „Не знаев дека расцепен јазик може да прави вакви работи, изгледа забавно“, се дел од коментарите.
Taa открила каква била целата процедура, но и опоравувањето.
„Процесот беше многу поедноставен отколку што очекував и траеше 15 минути. Конците позади беа најлоши“, рекла таа.