Од почетокот на 2023 година до денес, бразилската фризерка Гу Оливеира ги добива симпатиите на публиката ширум светот која ја следи на Инстаграм и другите социјални мрежи. Ги споделува трансформациите на клиентите во нејзиниот салон со нејзините шест милиони следбеници.
Поради долгогодишната успешна работа и популарните видео клипови, покрај работата во салонот, Гу е дел и од бразилската шоу програма „HairStyle – The Talent Shoe“ во која се натпреваруваат млади луѓе од светот на убавината.
Секој клип на бразилската фризерка на Инстаграм има најмалку милион и пол, а најмногу 15 милиони прегледи. Најпопуларната форма на видео клипови е онаа во која Гу и покажува како изгледаат нејзините клиенти кога ќе пристигнат во салонот и какви се кога ќе го напуштат нејзиниот креативен простор.
Најпопуларниот клип на Гу е со жени од различна возраст и играње со седа коса. Велат дека сликата кажува илјада зборови, па се ќе ви биде јасно кога ќе го погледнете клипот.