Силно невреме пропратено со грмежи, град и силен дожд зафати град во Германија. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои на прв поглед изгледа како густа снежна покривка да ги прекрила улиците на градот.
Се гледа белиот слој на град кој за краток временски период пораснал околу 30 сантиметри.
Токму овој слој од град, како и лисјата, ги затворија одводните цевки, така што водата ги поплави подземните гаражи, подруми и станбените згради.
Снежните служби на Германија биле принудени да излезат на улиците за да го расчисти високиот слој на градот.