ВИДЕО | НЕВЕРОЈАТНО! Го следеле ГПС уредот и со автомобилот влетале директно во морето: “Понекогаш треба да го вклучите мозокот наместо навигацијата!“

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како туристите на Хаваи ги втурнале своите автомобили во морето откако следеле инструкции на ГПС уред по кој пат да се движат.

Во автомобилот имало две лица и веднаш им била укажана помош, а возачот и сопатникот безбедно го напуштиле возилото. Двајца мажи веднаш им пришле на помош двете жени кои биле во возилото. Сепак, автомобилот не бил спасен. Возилото многу брзо било целосно преполовено.

Прилично сум сигурна дека тоа не требаше да се случи“, изјавила девојката која ја снимала целата ситуација. Подоцна во полицискиот извештај се вели дека екипажот на едрилицата бил сведок на автомобилот како влетал директно во пристаништето до нив.

Сцената беше неверојатна, сите се прашувавме што се случува! Патниците беа туристи кои се обидуваа да најдат туристичка компанија во пристаништето и ги следеа упатствата на ГПС, кога погрешно свртија во водата“, изјавила девојката сведок на настанот за тамошните медиуми.

Бројни корисници на социјалните мрежа ја коментираа ситуацијата. „Гледаат ли низ шофершајбната, уште што нема да видам во денешниот свет ?“, „Значи, кога ќе видиш вода, не застануваш, туку продолжуваш да возиш со се, не разбирам ?“, „Тоа беше скап одмор“, се само дел од коментарите под видеото.

несреќаХаваи