Филипо, момче (13 г.) од Удине, Италија, уловило триметарска ајкула недалеку од регионот Истра во Јадранското Море.
Момчето кое е член на рибарскиот клуб „Линјано“ од истоимениот град на Јадранот, при неодамнешна вежба налетало на голема ајкула.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Филипо бил на тренинг во пресрет на италијанското првенство во лов на туна, кое ќе се одржи кон средината на мај во Виесте.
„Ниту во најлудите соништа не очекувавме да наидеме на ваков ѕвер, кој е познат по својата карактеристична опашка која го зашеметува и совладува пленот“, изјави таткото на момчето за локалните медиуми.
Ајкулата долга три метри тежела повеќе од 100 килограми, а момчето на крајот ја ослободило.
Овие ајкули обично не ги напаѓаат луѓето, но ако се ранети или загрозени, тие се обидуваат да се ослободат со силни удари од опашката.