Се свртев и го видов мојот пријател како трча кон мене“, изјави Лупе Киано
Свадбата на Луис и Лупе Киано за малку ќе се претворила во катастрофа за време на церемонијата одржана во Лос Анџелес .
Тиктокерката Шауна Бејли, која е специјализирана за фотографирање свадби, беше поканета да ги овековечи младенците на платно, додека ја долови вистинската драма.
Во моментот кога се приближувале до олтарот, низ ходникот украсен со свеќи, пламенот го зафатил превезот на невестата!
Гостите брзо реагираа и спречија катастрофа, а нема повредени.
„Се свртев и го видов мојот пријател како трча кон мене. Тогаш сфатив дека гори дел од венчаницата “, изјави Лупе Квијано.
Прославата продолжила и по инцидентот, јавува Lakalle Blue Radio.
На објавеното видео не се гледаат невестата и младоженецот, туку само пламен и гости во паника.
„Толку сум среќна што никој не беше повреден. Беше забавно потоа, но не беше во тој момент “, напиша уметничката Шауна Бејли на Интернет.