Сараби Медина (9) беше брутално убиена за време на викендот во Чикаго додека се возела со својот скутер пред нејзиниот дом. Полицијата во понеделникот го уапсила Мајкл Гудман (43) поради сомнение дека и’ пукал на девојката во глава.
Гудман е обвинет дека во саботата навечер, нешто пред 21 часот, се упатил кон група луѓе собрани во населбата Портаџ Парк и дека ја застрелал малата Сараби додека таа си играла со својот татко пред куќата.
Очевидци велат дека девојката купила сладолед неколку минути претходно.
Кобната вечер луѓето ги фатило паника кога го виделе вооружениот напаѓач, а таткото на малата Сараби се обидел да ја заштити.
– Му кажа на малото девојче да го фати скутерот и да бега дома – рекол Рене Акино, пријател на таткото на Сараба, Мајкл Медина.
Тој вели дека Мајкл бил на половина пат до влезот од куќата кога го видел напаѓачот како и’ приоѓа на ќерката.
– Го виде како го впери пиштолот и имаше само време да каже: Тоа е мојата ќерка – вели пријател на семејството.
Мајкл тргнал кон својата ќерка, а Гудман потоа и’ испукал истрел директно во главата.
Жителите на оваа населба се згрозени од тоа што се случило. Велат и дека мајката на девојчето била убиена пред пет години во вооружен напад во Остин, по што Мајкл и девојчето се преселиле да живеат во Чикаго.
– Сараби беше прекрасно дете. Одеше по тротоарот со својот скутер и се смееше. Почина невино дете, не го заслужи тоа – изјави Дестини Хил, сосед на убиеното девојче.
Зошто напаѓачот пукал во девојката засега е непознато. Еден сосед рече дека Гудман се пожалил дека Сабрина е премногу гласна, и затоа пукал.
-Сите деца си играа, излегуваа и викаа нанулица. Едноставно немаше смисла, ништо од тоа немаше смисла. Сите во соседството само би му рекле дека само децата се забавуваат и играат, изјавила сосетката Меган Кели.
Кели вели дека соседите го избегнувале Гудман.