Сонцето грееше, црвениот тепих беше поставен, почесната гарда беше наредена, Лотар Фрајшлејдер, германскиот амбасадор во Катар беше таму, единствениот проблем беше што немаше катарски службеник официјално да го пречека претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер до Доха.
Германските медиуми наведува дека Франк-Валтер Штајнмаер слетал само малку порано од планираното, а потоа стоел и чекал на вратата од авионот околу половина час додека сонцето горело, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Дури по речиси 30 минути, Султан Ал Мурајчаи, министерот за надворешни работи на Катар, пристигна да се сретне со претседателот на германската држава.
И покрај доцнењето на првиот човек на дипломатијата, Франк-Валтер Штајнмаер го напушти аеродромот точно на време на средба со шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, владејачкиот емир на Катар.
Розалија Романиец, новинарка на DW која отпатува заедно со Франк-Валтер Штајнмаер во Катар, по оваа дипломатска драма, се прашува дали тоа било грешка во закажувањето или дали функционерите во оваа арапска земја го заладија односот кон Германија.
Причината може да биде тоа што за време на неговата тридневна посета на регионот, Франк-Валтер Штајнмаер прво престојуваше во Израел, потоа помина две ноќи во Оман и остави само три часа за посетата на Катар.