(ВИДЕО) НЕГОВАТА РЕАКЦИЈА Е ХИТ – Де Брујн во Лондон го гаѓаа со чаши и шишиња

Кевин Де Брујн брилјираше за победата на Манчестер Сити кај Арсенал (3:1) во дербито на англискиот шампионат.

Тој го постигна првиот и третиот гол за триумф на гостински терен, со кој актуелниот шампион го презеде првото место од актуелниот лидер во 23. коло, откако Арсенал имаше дури осум бода предност.

Збеснати од тешкиот пораз и што најзаслужен за него беше Де Брујн, кој во текот на натпреварот имаше жестока расправија со ривалскиот тренер Микел Артета, навивачите на Арсенал бурно го дочекаа заминувањето од теренот на најдобриот играч. Де Брујн ја напушти играта на три минути пред крајот, далеку од просторот за замена. Тоа значеше дека мораше да пешачи долг пат, половина круг околу теренот, за да стигне до клупата на Сити.

Додека Де Брујн одеше кон својата дестинација, навивачите на Арсенал од трибините фрлаа кон него шишиња и чаши. На тоа реагираше без збор и со насмевка. Ова уште повеќе ги изнервира навивачите на Арсенал, а тие полудеа кога Де Брујн фати едно од шишињата што му го фрлаа и го згази, како што вообичаено прави белгискиот велемајстор со топката.

Веднаш потоа, Де Брујн во последен момент избегна од трибините да му долета голема чаша кон главата и со насмевка продолжи понатаму. По натпреварот и големата победа, Де Брујн не престана да се потсмева со навивачите на Арсенал. На Инстаграм најпрвин објави сторија со слика на која крева рака со натпис „Можам ли да пијам пиво?, а потоа уште една фотографија кога кон него лета чаша , а тој напишал во коментарот „Ви благодарам“.