ВИДЕО | НЕДЕЛА ПОЛНА СО ‘ГАФОВИ’ – Џо Бајден повторно падна качувајќи се во неговиот авион – ова му е четврти пат! Неговиот доктор тврди: “Претседателот има проблеми…“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, повторно се сопна додека се качуваше во Air Force 1 во четвртокот, иако авионот имал значително помалку скали од претходно. 80-годишниот претседател бил на половина пат да се качи на авионот во Хелсинки, Финска, кога погрешил и за малку ќе паднал, пишува New York Post.

Инцидентот се случил на меѓународниот аеродром Хелсинки, од каде тој полетал до аеродромот во Мериленд по посетата на претседателот на Финска, каде што бил по дводневниот Самит на НАТО во Литванија. Минатиот месец американскиот претседател беше повреден во Колорадо кога се сопна од вреќа со песок за време на церемонијата на дипломирање.

Портпаролката на Белата куќаКарин Жан-Пјер, им изјави на новинарите дека не знаела за донесените одлуки за тоа кои скали Џо Бајден ќе ги користи кога ќе се качува на Air Force 1. Претходните претседатели ги користеа пократките скали само во случај на лошо време.

Сопнувањето во четвртокот е четврти пат кога Џо Бајден за малку ќе се повредел сериозно додека се качува на авион. Во февруари, тој исто така имаше проблем да ја одржува рамнотежата кога се враќаше од меѓународно патување во Полска и беше снимен како паѓа по скали.

Докторот од Белата куќаКевин О’Конор, во извештај на пет страници вели дека Џо Бајден има проблеми со одењето поради артритис на ‘рбетот, благ артритис на стапалата по фрактура и блага сензорна периферна невропатија во стапалата.

Најстариот претседател во историјата на САД ја напушти Европа во четвртокот вечерта по една недела полна со гафови во кои ја нарече исландската премиерка Катрин Јакобсдотир ирска ќерка, го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски со погрешно име односно Владимир и ја прескокна вечерата на отворањето на Самитот поради непознати причини.

САДЏо Бајден