Хамас денес ги предупреди жителите на израелскиот град Ашкелон да го напуштат до 17:00 часот по локално време, заканувајќи се со напад. CNN пренесува во живо дека по истекот на рокот го бомбардирале градот со ракети!
Новинарите на BBC јавуваат дека нешто по 17 часот се слушнале неколку силни експлозии во градот.
„Тука сме во засолниште со локалното население. Сите гледаат во своите телефони и нестрпливо чекаат да видат што ќе се случи понатаму. Слушнавме повеќе експлозии во последните неколку минути“, изјавил Алис Кади за BBC.
Во засолништето новинарката разговарала со 26-годишна девојка по име Валерија Голденберг, која била кај нејзиниот сопруг во болницата каде што работи и не успеала да стигне до нејзиното засолниште пред 17:00 часот.
„Заминувањето не беше опција. Имам родители овде во Ашкелон, а мојот сопруг работи во болница и не може да замине“, вели таа и додава: „Искрено, немам зборови да го опишам ова, но сите се надеваме дека наскоро ќе заврши“.
Жителите добиваат предупредувачки пораки на нивните мобилни телефони за ракетни напади и инструкции за тоа како да се сокријат и заштитат.
Алармите биле проследени со звук на сирена, а потоа и експлозии над главата на луѓето.
На социјалните мрежи се појавуваат и првите фотографии и видеа од ракетираниот град, а истите можете да ги погледнете ОВДЕ.