Во натпреварот од претходниот ден на Партизан против Панатинаикос во рамки на Евролигата, „Црно-белите“ имаа голема поддршка од трибините во Белград, но и од еден необичен „навивач“.
Србите го совладаа грчкиот претставник по драма и продолженија во 11. коло од Евролигата.
Верувале или не, во четвртокот вечерта на трибините на „Штарк Арена“ имало 20.079 луѓе и едно куче. Кучето по име Чичак нашло влез во арената каде предизвикало големо внимание.
Чичак во средата го загубиле сопствениците, а 24 часа подоцна е виден на социјалните мрежи каде се споделуваат фотографии и видеа од него во арената.
Навивачите очигледно биле воодушевени што кучето, кое очигледно сака друштво и гужви, влегло на трибините, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Сите што го виделе кучето не знаеле дека сопственикот го бара, а српските медиуми се уште немаат информација дали истото е веќе во раците на сопствениците.