Ерлинг Халанд го предводеше Манчестер Сити до нова победа во Лигата на шампионите. Тој постигна два гола против Јанг Бојс во победата од 3:0 и со тоа на бранителот на титулата му обезбеди пласман во осминафиналето по четири кола.
На социјалните мрежи се појави интересно видео од „Етихад“ каде капитенот на Јанг Бојс, Мохамед Али Камара, го бара дресот на Ерлинг Халанд. Тоа не би било нималку чудно само по себе по крајот на натпреварот, но Мохамед Али Камара тоа го направи веќе на полувремето, што не е баш вообичаено, а барањето до Норвежанецот не беше прифатено и Ерлинг Халанд одговори:
„Не можете да го направите тоа“.
Сепак, на крајот капитенот на швајцарскиот тим го доби посакуваниот дрес.
Необичната ситуација можете да ја погледнете ОВДЕ.
Мохамед Али Камара вообичаено го чуваше Ерлинг Халанд за време на натпреварот и сигурно му олесна кога тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го повлече „убиецот“ од игра.
Инаку, „Граѓаните“ имаат убиствен распоред и следните три натпревари им се против Челзи и Ливерпул во Премиер лигата, а против Лајпциг во Лигата на шампионите.