ВИДЕО | НЕПОКАНЕТ ГОСТИН ВО ДОМОТ – Мистериозно кивање од елката открило изненадување кое никој не го очекувал: “Се преплашив кога го видов…“

Една корисничка на социјалната мрежа Тик Ток од Тексас неодамна објави видео на кое се гледа неочекуван гостин што го нашла на нејзината елка, а видео-снимката брзо стана вирална со повеќе од 4,4 милиони прегледи.

На видеото се гледа како девојката се приближува до својата елка која е украсена со лампиони и украси. Меѓутоа, кога зумирала, се гледале пар очи кои ѕиркаат од елката.

Не разбирам како заврши во мојата куќа затоа што не ја оставам вратата отворена“, напишала таа, признавајќи дека се „откачила“ кога го видела глушецот сокриен во елката.

Се обидувам да го извлечам, но не можам. Некој да ми помогне“, кажала таа, а во следното видео објаснила како седела на каучот кога слушнала кивање. Почнала да го бара изворот на звукот и стигнала до елката и здогледала глушец.

Нејзиниот партнер и помогнал да го фати, па го вратиле во дивината.

@brettbratt359

I don’t understand how this thing is in my house right now.

♬ original sound – Brett
Тик Ток