ВИДЕО | НЕРЕАЛНА И ЗАСТРАШУВАЧКА СЦЕНА – Прозорец паднал од 21 кат врз мајка и бебе во количка

Дел од голем прозорецот паднал врз мајка и дете во количка од 21 кат во Москва! Застрашувачкиот момент е снимен од надзорна камера, а истата видео-снимка е објавена и на социјалните мрежи.

На видеото може да се види мајка наведната над количка на тротоарот, а во неа има едногодишно дете, пренесуваат руските медиуми. Во еден момент нејзиното внимание го привлекува продорен звук, а токму кога ја крева главата, прозорецот паѓа врз неа и удира во количката. Овој застрашувачки момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Полицијата соопштила дека мајката и детето не се во животна опасност. Инцидентот се случил на 30. ноември нешто пред 17 часот, пренесуваат руските медиуми.

Според локалните медиуми, полицијата веднаш тргнала да го погледне станот од кој паднал прозорецот. Се испоставило дека во тој момент во станот имало само 10-годишно девојче, кое мајка и го оставила да си ја заврши домашната задачата и отишла во продавница.

инцидентМоскваРусија