Потресни сцени од немири на навивачите го одбележаа реваншот од полуфиналето на Конференциската лига во Алкмар меѓу АЗ и Вест Хем Јунајтед.
Англискиот премиерлигаш Вест Хем се пласираше во финалето на Конференциската лига победувајќи го АЗ во двата натпревари откако беше 2-1 во Лондон и 1-0 во Алкмар.
Сепак, по реваншот во Холандија дојде до навивачки нереди кога група локални хулигани упаднаа во дел од главната трибина каде имаше околу 200 навивачи на лондонскиот клуб, од кои повеќето членови на семејствата на фудбалерите и пријатели.
Тоа беа навистина хаотични сцени, а посебно внимание привлече еден навивач на Вест Хем кој буквално сам ја држеше целата трибина. Човекот се ослободуваше еден по еден од навивачите на домашната екипа кои со сите сили се обидуваа да упаднат на „неговата“ трибина.
Англиските навивачи се познати по тоа што се склони кон физички пресметки и знаат добро да се справат со другите навивачки групи, но ова се навистина сцени како во филмовите.