Северниот италијански регион Ломбардија денес го зафати силно невреме, а во провинцијата Милано е забележано торнадо.
Весникот „Кориере дела сера“ пишува дека бурата ечела низ областа североисточно од градот Милано.
Се известува дека пожарникарите и другите спасувачки екипи од утрово примиле повици за 110 интервенции.
Торнадото го снимиле жители на провинцијата Милано кои живеат помеѓу Cernusco sul Naviglio и Gesate.