Никола Јокиќ, членот на Денвер Нагетс и најдобриот играч во НБА, беше казнет со 25.000 долари поради судирот со американскиот милијардер и сопственик на Феникс Санс, Мата Исихија, но се чини дека тие брзо се смириле.
Инцидентот избувна во четвртиот натпревар од плејофот за финалето на НБА на Западот, кога Јокиќ со лакт го удри американскиот милијардер во борба за топката. Поради ова се крена голема прашина, но Јокиќ направи одличен потег пред новиот натпревар на Денвер и Феникс.
Му пријде на американскиот милијардер, му ја даде топката и го прегрна. Тоа ја воодушеви американската јавност, а Јокиќ потврди дека сè било спонтано.
,,Немам ништо против него, сакав малку да ги насмеам сите, се надевам дека сега ќе ми ја врати казната“, изјави добро расположен Јокиќ по натпреварот.
За крај да додадеме дека кошаркарите на Денвер поведоа против Феникс во петтиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција. На домашен терен ги победија Санс со 118:102, а до победата ги предводеше Никола Јокиќ со 29 поени, 13 скока и 12 асистенции.