Кошаркарите на НБА шампионот Денвер Нагетс, Арон Гордон и Мајкл Портер Јуниор открија интересни детали за еден од најдобрите кошаркари во најсилната лига, Србинот Никола Јокиќ.
Српскиот центар го пропушти последниот натпревар на Денвер Нагетс поради болки во грбот, а неговите соиграчи зборуваа за него во подкастот на Мајкл Портер Јуниор.
Познато е дека Никола Јокиќ и Арон Гордон се одлични пријатели. Американецот лани ги следеше натпреварите на Србија на Европското првенство, а летово му гостуваше и на Никола Јокиќ во Сомбор.
„Никола Јокиќ е голем лидер. Секогаш е точен, секој ден. Тој тренира секое утро, игра по некој натпревар, а потоа крева тегови по натпреварот. Редовно работи секој ден. И за сето тоа е скромен. Кога имате двократен МВП и МВП на финалињата во НБА, кој е толку несебичен, тоа е како божји дар. Ако тој може да го направи тоа, тогаш и другите можат. Тој е ѕвер“, вели Арон Гордон.
Мајкл Портер Јуниор потоа откри како Србинот се „подготвувал“ за новата сезона.
„Тој е единствен. Кога го гледате ноќ по ноќ, тој е најдобриот играч што некогаш сум го видел. Лудо е што може да направи. Порано беше скромно добар, но не беше толку заинтересиран. Растеше од година во година. Дури и по МВП сезона. Како е можно да се подобриш после МВП година ? И годинава е подобар, а ние го освоивме прстенот. Разговарав со него и ми кажа дека во Србија пиел по шест пива дневно. Веројатно не ја ни допрел топката таму. Вие двајца имате одлична хемија кога тој ви фрла лобови за забивање“, рекол Мајкл Портер Џуниор.