Никола Јокиќ остана без трофејот наменет за најдобриот играч во големото НБА финале.
За време на интервјуто за ESPN, Србинот го немаше трофејот со себе, па репортерот го праша каде му е трофејот.
„Па, навистина не знам. Го оставив во собата на Спарки (Спарки Гонзалес, тим менаџер) и го нема. Така да не знам, но се надевам дека ќе може да дојде до мојата куќа“, низ насмевка изјавил момчето од Сомбор кое ја покори најмоќната кошаркарска лига во светот.
Малку подоцна репортерот му кажал дека пехарот е на безбедно и дека Спарки Гонзалес ќе му го донесе на шампионската парада што е закажана за вечерва (четврток).
На крајот, сепак, пехарот ќе заврши на вистинската адреса. Каде што припаѓа и со човекот кој целосно го заслужи.