Близнаците сами по себе отсекогаш биле предмет на научен интерес, а денес, можеме слободно да кажеме, повеќе од кога било. Мистеријата за близнаците се уште не е целосно разрешена и се уште е предмет на многу истражувања.
Најмногу внимание се посветува на проучувањето како животната средина и генетиката влијаат врз развојот на близнаците и нивните карактеристики.
Причината за тоа е што често близнаците, иако се верува дека ќе изгледаат сосема идентично, немаат никакви сличности. Оваа теорија ја докажува и девојка по име Кристи Ен, која има сестра-близначка со која се целосно спротивни и различни.
На социјалните мрежи често ги прашуваат како на шега дали се сигурни дека се близначки, а нивните личности се сосема различни.
Кристи Ен е позната на социјалните мрежи, бидејќи често споделува вежби за извајано тело и моменти од приватниот живот, па овој пат решила да ги разбие предрасудите за сестра си. Тие на социјалните мрежи објавија интересно видео кое има 46 милиони прегледи.
Во видеото се претставени сестрите близначки – едната е голема верничка, а другата мажена мајка и фитнес инфлуенсерка. Сепак, Кристи Ен докажа дека нејзината сестра може да биде како неа.
Сето тоа го поткрепила со видеа од нејзината сестра која вежба во теретана, лизга на мраз, чита книга со кучето…
Видеото во кое тие две вежбаат заедно го погледнале над 11 милиони луѓе. Таму прават кардио, креваат тегови… едната во спортска маица и хеланки, другата во облека на католичка сестра.
Кристи Ен не открива многу за својата сестра, освен дека припаѓа на редот на Францисканците, но видеата кои таа ги сподели на мрежите станаа вистински хит, пред се затоа што покажуваат отвореност и ги уништуваат предрасудите.