Силно невреме пропратено со силен дожд не ја заобиколи ниту Германија. Меѓу градовите кои беа тешко погодени од невремето беше и Хамбург, чии улици беа поплавени.
Реката Елба го поплави градот со вода до половината. Официјалните лица рекоа дека врвот на водениот бран бил вчераутро, достигнувајќи 3,3 метри над просечната плима. По тој повод поплавен е и познатиот рибен пазар во Хамбург.
Во пресрет на празникот невремето го прекина целиот сообраќај, пред се железничкиот сообраќај. Освен во Хамбург, тоа беше случај и во Хановер, Франкфурт и Минхен.
Поплавата ги отежна и туристите во Хамбург. Една туристка изјавила дека патот до хотелот каде што престојувала е целосно поплавен. Имало и такви туристи кои поради невремето беа спречени да го напуштат градот.
Силно невреме го погоди и остатокот од Северна Европа. Две лица загинаа – едното во Белгија, а другото во Холандија, каде за прв пат беа подигнати сите бариери од поплавите.