ВИДЕО | “НИТУ ДЕ ФАКТО, НИТУ ДЕ ЈУРЕ“ – Обидот на лидерите на Европската унија да ги нормализираат односите меѓу Србија и Косово пропаднаа во вода

Обидот на лидерите на трите најголеми земји-членки на Европската унија (ЕУ), заедно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, да постигнат напредок во процесот на нормализирање на односите помеѓу Косово и Србија пропадна во четвртокот вечерта. 

Според високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, причината биле условите на едната страна кои се неприфатливи за другата страна. Жозеп Борел изрази голема загриженост за застојот во дијалогот.

Жозеп Борел

Во текот на претходниот ден, од попладневните часови до вечерта, се одржаа одвоени средби на претставници и дипломати на ЕУ со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ. Прво, тие имаа средби со претседателот на Франција, Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, премиерката на Италија, Џорџија Мелони и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

На тие средби, според зборовите на висок дипломат на ЕУ, на Александар Вучиќ и Албин Курти им биле пренесени лидерските пораки дека е време да ги исполнат сите обврски од претходните договори без одлагање и без предуслови. Потоа Александар Вучиќ и Албин Курти имаа средби со пратеникот за дијалог на ЕУМирослав Лајчак и со советниците на Олаф Шолц, Емануел Макрон и Џорџија Мелони. Како што состаноците продолжија цели шест часа, ЕУ почна да се надева дека ќе се постигнат конкретни резултати.

Александар Вучиќ и Албин Курти исто така имаа различни ставови за тоа што се случило овој пат. Во соопштението за медиумите, премиерот на Косово вели дека го прифатил последниот предлог ставен на маса од претставниците на ЕУ и САД во саботата на 21. октомври, но дека побарал овој предлог, како и претходниот договор, да се потпише.

Само потпис значи прифаќање, а само потпишаните договори гарантираат имплементација“, се вели во соопштението на косовската Влада, додавајќи дека српскиот претседател одбил да потпише и побара да се вклучи пропратно писмо кое во пракса ги девалвира принципите на постигнати договори.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пак, изјави дека косовската страна е одговорна за неуспехот. Но, тој кажа дека Србија нема да го прифати членството на Косово во ОН и нема да прифати почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Косово, ниту ќе го признае Косово ниту де факто, ниту де јуре.

Впрочем, сите овие обврски се дел од претходно постигнатите договори, каде меѓу другото се наведува дека Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација и дека меѓусебните односи ќе се развиваат врз основа на принципот на еднаквост и почитување на принципите на суверенитет и територијален интегритет. Дипломатите на ЕУ го нарекоа тој договор де факто „признавање“ на Косово.

Александар Вучиќ

Лидерите на ЕУ на дневен ред на состанокот на Европскиот совет ги имаа односите меѓу Косово и Србија. Тие го повторија повикот до Косово и Србија да ги исполнат сите обврски од дијалогот и сите договори без одлагање и без предуслови.

Албин КуртиАлександар ВучиќЕвропска унијаКосовополитикаСрбија