ВИДЕО | НЛО посета или напад од Русија !? Мистериозен блесок се појави и го осветли небото над Киев: Се огласи НАСА, Украина објави детали – што се случува !?

Мистериозниот блесок кој го осветли небото над главниот град на Украина, Киев, предизвика многу шпекулации.

Официјалните лица од Киев изјавија дека се сомневаат дека станува збор за сателит на НАСА кој паднал на Земјата, но НАСА објави дека тоа не е така и дека нивниот сателит се уште е во орбитата. На социјалните мрежи кружат бројни видео-снимки од светлината која го осветли небото над Киев.

Украинското воено воздухопловство сугерира дека блесокот можеби бил пад на метеорит, додека тие се убедени дека блесокот не бил предизвикан од руски воздушен напад врз Украина.

Сјајот на небото над Киев е забележан околу 22:00 часот по локално време. Алармот за воздушен напад веднаш бил активиран, но против-воздушната одбрана не била активирана, објави на социјалната мрежа Телеграм Сергеј Попко, прв човек на воената управа на Киев.

Според прелиминарните информации, овој феномен е резултат на пад на сателит на НАСА на Земјата“, тврди во својата објава Сергеј Попко.

Американската вселенска агенција претходно оваа недела објави дека сателитот кој тежи 300 килограми повторно ќе влезе во атмосферата на Земјата во среда. Вселенското летало со име – RHESSI, кое се користело за набљудување на сончевите блесоци, било лансирано во орбитата на Земјата во 2002 година.

Но, Роб Маргета од канцеларијата за комуникации на НАСА за BBC изјави дека сателитот се уште е во орбитата, па блесокот не доаѓа од него.

Видео-снимката од необичниот сјај, исто така, поттикна реакции на социјалните мрежи за вонземјани и неидентификувани летечки објекти. Советникот на претседателот на Украина, Володимир ЗеленскиАндриј Јермак , објави „емоџи“ (смајли) со НЛО ознака на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Украинската агенција за вселенски истражувања, која работи во рамките на украинската Влада, подоцна објави детали за мистериозната светлина.

На 19. април 2023 година, во 21:57 часот по киевско време, инфразвукот на Државниот технички центар на Украина забележа високоенергетски акустичен настан на територијата на Украина. Се проценува дека епицентарот на експлозијата е во регионот на Киев“, се вели во соопштението до јавноста.

Настанот најверојатно е поврзан со навлегување на вселенско тело во густите слоеви на атмосферата, информациите се разјаснуваат“, соопштуваат оттаму.

КиевНАСАНЛОУкраина