ВИДЕО | НОВАК ЃОКОВИЌ ВО НЕГОВ СТИЛ – Србинот го прашаа дали е “антиваксер“, а за неговиот одговор зборува целиот свет

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, привлече големо внимание со ставот дека не сака да се вакцинира против вирусот Ковид-19, а голем дел од луѓето ширум светот го нарекоа „антиваксер“.

Овој потег му направи многу проблеми во кариерата, го одвои од терените и турнирите, но не и од идејата да не ја прими вакцината.

Во големото интервју со Џон Верхајм во емисијата „60 minutes“ тој беше запрашан дали е „антиваксер“, на што Новак Ѓоковиќ имаше одговор за кој долго ќе се зборува.

Луѓето се обидуваат да ме прогласат за антиваксер. Јас не сум антиваксер, ниту сум проваксер, јас сум за можноста да бирам што ќе правам“, истакнал во одговорот Новак Ѓоковиќ.

Овој момент кој набрзо стана хит на социјалните мрежи можете да го погледнете ОВДЕ.

вакцинаКовид-19Новак Ѓоковиќтенис