Сопругата на еден од најдобрите тенисери во светот, Новак Ѓоковиќ, на социјалните мрежи објави авантуристичко видео.
Јелена Ѓоковиќ откри дека претходната недела ја поминала во Португалија на одмор, но и повеќе детали поврзани со ова патување.
„Додека трепкаш животот продолжува… на на на на… ова беше мојата роденденска желба – Прошетки со мојот витез и дружење со делфини. Те сакам“, се вели во описот на видеото кое го објави Јелена Ѓоковиќ на социјалната мрежа Инстаграм.