ВИДЕО | НОВИ ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ОД ПУКАЊЕТО ВО “ИСТ ГЕЈТ МОЛ“ – Во каква состојба се Раде Трајковски – Штекли и другиот повреден во нападот !?

По денешното пукање во трговскиот центар East Gate Mall (Ист Гејт Мол), кое ги наголемо вознемири присутните шопинг молот, на социјалните мрежи почна да кружи видео од нападот врз две лица.

Според веќе објавените и потврдени информации од Министерството за внатрешни работи, две лица се повредени во нападот.

Денеска (24.10) од трговскиот центар East Gate Mall (Ист Гејт Мол) во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Според веќе потврдени информации, мета на пукањето што се случи во трговскиот центар е лицето Раде Трајковски – Штекли, кој неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев во Скопје. Тој пред две години беше екстрадиран по апсење во Србија и беше предаден на македонските власти по што беше спроведен во Истражниот затвор „Шутка“.

Раде Трајковски – Штекли

На социјалните мрежи се кружи видео од пукањето во East Gate Mall (Ист Гејт Мол), a извори од МВР ја потврдија автентичноста на снимката.

Иако имаше шпекулации дека Раде Трајковски – Штекли им подлегнал на повредите здобиени од нападот врз него, блиски извори до истрагата не ја отфрлаат можноста дека второто лице со иницијали Д.Т. им подлеглано на повредите.

Медицинскиот тим потврди дека се борат за животот на лицето Д.Т. познат во јавноста по прекарот Бате, а за овие информации сепак се уште се очекува официјални потврди од истражните органи.

Претходно, директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков изјави дека двајцата пациенти се примени во болница.

Двајца пациенти се примени во болницата, станува збор за две машки лица. Едниот пациент е задржан кај нас, веднаш е однесен во операциона сала поради сериозноста на повредите. Во моментов се изведува оперативен зафат кај овој пациент. Во тешка состојба е и врз него се врши оперативен зафат поради повреди во стомакот и во градната шуплина. Другиот е препратен на Клиниката за торакална хирургија. И кај едниот и кај другиот пациент се работи за прострелни рани“, појасни Љубен Арсенков.

За потсетување, на 25. август годинава во East Gate Mall исто така имаше пукање предизвикано од мафијашка пресметка, а како и денес, и тогаш мета на вооружена пресметка беше лицето Раде Трајковски – Штекли.

вооружена престрелкаИст Гејт МолМакедонијаРаде Трајковски - ШтеклиСкопје