ВИДЕО | НОВ ГАФ НА ЏО БАЈДЕН – Претседателот на САД вели дека само 100 луѓе починале од вирусот Ковид-19: “Погрешивте само за четири нули…“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, во вторникот одржа говор за менталното здравје и во таа прилика го згреши бројот на жртви починати од вирусот Ковид-19, (повеќе од еден милион само во САД) и кажа дека во САД животот го загубиле „повеќе од 100 луѓе“ на крајот од говорот.

Како што објавија светските медиуми, Џо Бајден на почетокот на својот говор најпрвин рекол дека – „пандемијата покажа потреба од многу поголема помош“, мислејќи на менталното здравје.

Повеќе од милион луѓе починаа од Ковид-19. Тоа би значело дека зад нив стојат осум милиони луѓе кои им биле блиски“, рекол на почетокот Џо Бајден.

Сепак, кон крајот на неговиот говор таа бројка драстично се промени.

Сè уште ја чувствуваме длабоката загуба предизвикана од пандемијата на вирусот Ковид-19, како што кажав, повеќе од 100 мртви луѓе. Тоа се сто празни столчиња на масата во кујната, секоја од тие загуби го претставува тоа. Многу луѓе останаа сами, скршени луѓе“, рекол Џо Бајден.

Ковид-19САДЏо Бајден