На социјалните мрежи се појавија видеа од нови експлозии на Крим, каде што има мост што го поврзува полуостровот со Русија, кој Украинците веќе го нападнаа неколку пати претходно.
Според информациите, проруските власти го запреле сообраќајот преку мостот на Крим, а се огласиле и сирените за тревога.
Прво беше објавено дека се соборени два украински беспилотни летала, а Министерството за одбрана на Русија подоцна објави дека Украина се обидела да го нападне мостот на Крим со противвоздушна ракета S-200.
„Руските системи за противвоздушна одбрана навреме ја открија украинската ракета и ја пресретнаа во воздух“, објави Министерството за одбрана на Русија на социјалната мрежа Телеграм и тврдат дека нема штети или жртви.
Но, на видео-снимките и фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како чад се издига над мостот, а се чини дека мостот е погоден.
Странските медиумски агенции објавија информации дека мостот е погоден на четири места.