Нови шокантни снимки доаѓаат од руската Армија, која не се откажува од инвазијата на Украина. Неодамна беше објавено видео на кое се гледа како командант на руска бригада ги соблекува војниците голи и ги тепа како дел од ритуалот на малтретирање што ги шокираше дури и оние војници кои се навикнати на груб и суров третман во руската Армија, пренесува Insider.
Според WarTranslated, блогер кој ја покрива и редовно известува за војната во Украина, тој е офицер во руската 4-та тенковска дивизија во близина на Москва, кој ги тера своите голи војници да влечат трева. На видеото може да се слушне како војниците го критикуваат малтретирањето, вообичаено искуство за руските војници.
Спорното видео првично беше споделено од рускиот медиум Mobilization News, кој наведува дека не е јасно кога е снимено.
„Тие повикаа воена полиција и ги соблекоа мажите голи. Луѓето се бесни затоа што тој ги мачи војниците“, вели еден војник во видеото, преведено од WarTranslated.
Се верува дека тоа е 4-та гардиска тенковска дивизија во Наро-Фоминск, надвор од Москва, а токму оваа дивизија претрпе големи загуби во Украина.
Патем, злоупотребата во руската Армија има длабока, па дури и фатална историја. Третманот, исто така познат како „дедовство“, обично се применува на војници од понизок ранг и тоа отежнува руската Армија да регрутира млади луѓе кои се плашат да бидат понижени или повредени од други Руси. Оваа практика постои со векови, пишува The Moscow TIME, а руската Влада донесе низа реформи во 2008 година со цел да ја искорени практиката.
Во објавеното видео војниците велат дека нивните претпоставени опасно се доближиле до границите на нивното трпение.
„Ќе има бунт ако продолжат вака. Секој има свои граници“, вели еден од војниците на видеото.