ВИДЕО | Објавени страшни снимки од драматичната ноќ во Србија: Погледнете каде и како е уапсен ‘монструмот’ Урош Блажиќ кој уби осум лица!

Министерството за внатрешни работи на Србија во петокот наутро по опсежна потрага во околината на Крагуевац го уапси Урош Блажиќ (21 г.), осомничен дека во текот на ноќта во три села кај Младеновац со огнено оружје убил осум лица, а ранил 14, пренесуваат соседните медиуми.

Министерството за внатрешни работи на Србија на своите канали на социјалните мрежи објави како изгледало апсењето на масовниот убиец.

Уапсениот млад човек со автоматско оружје пукал во жителите на неколку села во општина Младеновац, Србија.

Околу 600 полицајци и припадници на специјалните единици учествувале во потрагата по напаѓачот кој доцна синоќа со рафали од огнено оружје уби осум лица, а рани 14 во селата Дубона, Мало Орашје и Шепшин.

Урош Блажиќ најпрвин синоќа во Дубона пукал со автоматска пушка, а нападот го продолжил во селата Мало Орашје и Шепшин. Меѓу убиените има и полицаец, кој не бил на должност во моментот на нападот, и неговата сестра. Најмладата жртва има 15 години, дознаваат белградските медиуми.

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ го окарактеризира нападот како „терористички чин“.

смртСрбијаубиство