Модриќ, како и многу фудбалери, има гаража на луксузни автомобили. Тоа се Audi Q7, Bentley Continental GT… Лука има и електричен автомобил, Tesla Model S, кој го платил околу 65 илјади евра.
На YouTube често се појавуваат видеа за животот на познатите и богатите. Овој пат каналот GoalNiza го „сецираше“ Лука Модриќ. Почнаа со лични податоци за Модриќ. Велат дека неговото фудбалско патување е неверојатно и инспиративно и дека од овчар дошол до врвот на светот.
Започнаа со основните информации за хрватскиот фудбалер, од тоа дека е роден на 9 септември 1985 година во Задар, висок 172 сантиметри и тежок 65 килограми… Неговите родители се Стипе и Радојка, а има две сестри.
Со убавата сопруга Вања се ожени во 2010 година и добија три деца – Иван, Ема и Софија.
Потоа доаѓа делот за парите. Се наведува дека богатството на Модриќ во 2022 година се проценува на 75 милиони евра.
Напоменуваат дека Модриќ купил луксузна куќа во Мадрид во 2019 година за 12 милиони евра. Куќата има теретана, девет спални соби и исто толку тоалети, базен… Има и домашно кино со 12 седишта, винарска визба и огромна просторија за деца со вештачка карпа за качување. Тоа е дом на семејството Модриќ во Шпанија.
Модриќ, како и многу фудбалери, има гаража со луксузни автомобили. Тоа се Audi Q7, Bentley Continental GT… Лука има и електричен автомобил, Tesla Model S, кој го платил околу 65 илјади евра.