Таа постигна неверојатна трансформација, поради што денес има милион следбеници на социјалните мрежи! Таа на нејзините профили редовно информира за процесот на слабеење низ кој поминала и поминува, а сега објави видео кое го обиколи светот. Тереза Парент од Калифорнија успеала да ослабе неверојатни 180 килограми!
Таа сега за прв пат облече костим за капење, а кога се погледнала самата – ‘пукнала’ во солзи. „Мојот прв костим за капење. Плачам од среќа, драги мои пријатели“, напишала таа во описот на видеото кое стана вирален хит на Интернет и додала: „Имав 272 килограми и ослабев повеќе од 180 килограми. Никогаш не сум носела костим за капење, па сакав да ви покажам. Ве молиме бидете љубезни“.
Тереза Парент раскажа како прв пат патувала откако ослабела, па затоа решила да се почести и да си го купи првиот костим за капење, а луѓето се насобрале да ја поддржат. „Тереза, изгледаш прекрасно!“, „Облечи го костимот за капење, драга!“, „Жено, облечи го тој костим за капење. Нурни се во базен. Сликај се. Уживај во сонцето!“