Целиот регион ‘брмчи’ за вознемирувачкото видео што го објави една жена откако станари кои, кои го изнајмиле нејзиниот стан, истиот го претвориле во вистински пекол, а како што самата напиша на социјалните мрежи, таа „добила препорака“ за нив.
Измет на подот, уништени рамки и душеци од креветот, скинати перничиња… Немилите сцени многумина оставија во целосен шок од тоа што го направиле оние на кои таа го изнајмила станот.
„Луѓето беа во мојот стан како станари. Не знаев дека вакво нешто може да ми се случи и дека постојат такви луѓе. Со сигурност и преку препорака изнајмив стан. Вака го оставија, паркетот натопен во фекалии, урина и алкохол. Каснати трупци, уништени ролетни, душеци натопени во урина“, стои во описот од видеото.
Од одредени кадри на видеото може да се заклучи и дека во станот живеело и дете.
„О, Боже, па што е ова...“, „Што видоа моите очи!“, „Уф, човечки монструми!“, „Болни луѓе…“, „Како во ова живеело дете“ – само дел од коментарите се под снимката за кои не е наведено каде точно е направена, но некои претпоставуваат дека се работи за Босна и Херцеговина.