ВИДЕО | ОВА ГО МОЖЕ САМО ЛЕПА БРЕНА! Последните неколку денови цела Хрватска зборува за оваа свадба: “Забавата траеше до 7 наутро а таа пееше до…“

Последниве неколку денови цела Хрватска зборува за оваа свадба!

Младенците Мартина Равлиќ Маријановиќ (40 г.) и Дарко Маријановиќ (41 г.) по пет години врска решиле да го кажат судбоносното ‘да’ на прагот од почетокот на петтата деценија од нивните животи, но за нивната венчавка моментално пишуваат сите таблоиди во Хрватска.

Освен доброто расположение, како што вообичаено се случува на свадбите и веселбите, најголемата атмосфера ја кренала музиката – а тоа е, ни помалку ни повеќе, Лепа Брена.

Како што изјавила невестата за 24sata.hr, балкансата ѕвезда односно Лепа Брена ја обожавала уште од мала и често одела на нејзините концерти. Таа дури си кажала – „ако некогаш повторно се омажам, сакам да ми пее Лепа Брена“. Сепак, иако договорот бил Брена да пее само еден час, таа сепак ја подигнала атмосферата на свадбата подолго отколку што била договорена.

Таа пееше два часа и седум минути. Беше магично и толку пријатно што не сакаше да престане“, објаснила младата претприемачка за хрватскиот веб-портал. Таа додала дека пејачката била многу пријатна за време на нивната прослава.

Беше воодушевена. Самата кога ме прегрна ми кажа дека е многу среќна бидејќи прв пат пеела на свадба во Хрватска. Мило ми е што го направи тоа“, додала девојката. Исто така, гостите на свадбата ги забавувал и пејачот Петар Грашо, на чиј безвременски хит „Ако те питају“, младенците го заиграле првиот свадбен танц пред присутните гости.

Се славело до седум и пол наутро, а имало и тамбураши, повеќе погледнете на видеото ОВДЕ.

Лепа БренасвадбаХрватска