Еден од најдобрите кошаркари во светот и актуелен НБА шампион, Никола Јокиќ, одлично се забавувал на концерт на фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ во Сомбор.
Додека Српските репрезентативци се подготвуваат за стартот на Мундобаскетот во Манила, центарот на Денвер Нагетс и МВП на НБА финалето ужива во одморот во родната Србија.
Никола Јокиќ одлично се забавувал со сопругата и пријателите на концертот на една од најпопуларните пејачки на Балканот во родниот Сомбор во четвртокот вечерта.
НБА асот „голтал“ пиво и цело време потпевнувал на популарните хитови на Цеца, а особено го погодила песната „Sta je to u tvojim venama“.