Никола Јокиќ со Денвер Нагетс ќе има можност да го освои првиот шампионски прстен во НБА лигата.
Воедно, српскиот кошаркар речиси на секој натпревар во најсилната кошаркарска лига во светот поставува нов рекорд. Токму тоа е причина на социјалните мрежи да се споделуваат информации за почетокот на неговата НБА кариера со брзина на светлината, а една снимка е вистински хит.
Што е тоа ? Никола Јокиќ беше драфтуван во 2014 година од Денвер Нагетс во втората рунда како 41. пик.
Беше 26. јуни, а ESPN, кој го емитуваше Драфтот, не го покажа тој момент пред малите екрани додека се емитуваше во живо.
Интересно е што Сомборецот е избран во времето кога била пуштена реклама за бурито – „Taco Bell“.