На Интернет кружи неверојатно видео кое привлече големо внимание кај луѓето ширум светот.
Рајан и Ким се главните актери на популарното видео, а она што привлече внимание е нивниот авантуристички дух. Тие решиле да го кажат судбоносното „Да“ за вечна љубов на најнеобичен можен начин.
Така тие ангажирале тим од експерти за екстремни спортови и планирање, кои им дозволил да се венчаат на „пајакова мрежа“ на висина од 120 метри над земјата.
Погледот од 120 метри во воздухот е навистина магичен. Нивната љубов, која се „протега“ до височините, е симбол на храброста, страста и решителноста.