Лионел Меси ги одигра своите први натпревари во новиот дрес на Интер Мајами, клуб во косопственост на легендарниот Дејвид Бекам.
Сопругата на Аргентинецот, Антонела Рокуцо, дојде да му даде поддршка на својот сакан, а средбата меѓу неа и Дејвид Бекам не остана незабележана од странските медиуми.
Антонела Рокуцо му мавна рака на Дејвид Бекам, а тој како вистински џенталмен и пријде и ја прегрна со широка насмевка на лицето.
Неговата сопруга Викторија Бекам случајно се нашла во близина, па и таа се приближила до Антонела Рокуцо и ја прегрнала, но не толку воодушевено како нејзиниот сопруг, а видеото од нејзиното лице односно реакција за време на средбата на нејзиниот сопруг со сопругата на Лионел Меси стана вирално на социјалните мрежи.
Да потсетиме, Бекамови ги пречекаа Лионел Меси и Антонела Рокуцо на свечена церемонија во Мајами, а камерите ја снимија емотивната средба на фудбалските семејства.